Не ја одмрзнувајте храната на собна температура!
Поголемиот дел од нас имаат навика замрзнатата храна да ја извадат од замрзнувачот и да ја остават во текот на ноќта на собна температура за полека да се одмрзне до наредниот ден. Но, постепеното одмрзнувањето на храната на собна температура не е воопшто добро, а може да биде и штетно по здравјето. На овој начин површината на храната ќе се одмрзне многу побрзо отколку внатрешноста и на површината брзо ќе се развијат несакани бактерии.
Затоа најдобро е храната да ја извадите од замрзнувачот еден ден порано и да ја ставите во фрижидер на одржување за постепено да се одмрзнува. Поголемиот дел замрзната храна може веднаш да се подготвува, без претходно одмрзнување, но потребно е да се готви на тивок оган.
Ако сакате побрзо да ја одмрзнете храната, можете да ја ставите во ќеса и истата да ја потопите во ладна вода. Водата треба да ја менувате на секои 30 минути, сѐ додека храната не се одмрзне. Така нема да дојде до нерамномерно одмрзнување, како што е случајот со собната температура.
Крај