Ваквото однесување може да ви ја уништи врската
Во ред е да бидете сами и независни дами, но убаво е и да се вљубите понекогаш, исто така … нели? Па зошто тогаш толку често ги саботирате добрите врски откако ќе ги најдете?
Подолу можете да најдете неколку однесувања што можат да и штетат на врската и да го одвратат партнерот од желбата да ви стане другата половина.
Се однесувате како да не сте во врска
Ако донесувате одлуки како “јас” наместо “ние”, може да бидете во неволја. Никој не сака да биде запоставен од партнерот и најголемиот проблем во повеќето врски е фактот дека партнерите воопшто не успеваат да дејствуваат како партнери. Наместо тоа, нивните односи остануваат заглавени во раната фаза на врската, кога се гледаат себеси како двајца независни луѓе кои го даваат максимумот секој на свој начин за врската да успее, наместо да работат како тим. Со тек на време, ова однесување ќе влијае на развојот на врската и бидејќи повеќето луѓе сакаат врската да се развива, на крајот ќе предизвика уништување.
Постојано критикувате
Долгорочната врска може да биде досадна и до одреден степен сите ние сме виновни за критики и жалби. Сепак, ако постојано го критикувате вашиот партнер, може да се случи само една од две работи (од кои ниту една не е добра). Првата е дека вашиот партнер ќе остане со вас без разлика на тоа, што ќе резултира со долгогодишно сценарио кое е апсолутно токсично. Втората можност е дека ќе си здосадите еден на друг и ќе продолжите понатаму секој по својот пат.
Ако се чувствувате дека постојано му замерувате на вашиот партнер, можеби е време да размислите зошто го правите тоа. Разговарајте и разјаснете ги работите, па ако не најдете заедничко решение тогаш подобро е да ја прекинете врската и да најдете некој кој повеќе ќе ви одговара.
Го губите личниот идентитет во врската
Ова однесување е алармантно кога го забележувате кај пријател, но може да биде потешко да се препознае кога вие сте главниот изведувач на тој чин. Ако започнете врска со некој нов и одеднаш ви се допаѓа сѐ она што му се допаѓа на партнерот, а го губите интересот за работи кои ви биле важни или сте ги сакале пред да го запознаете, ова е знак кој не треба да се занемари. На пример, претходно секојдневно сте трчале и сте уживале во тоа, а сега сметате дека трчањето е досадно и претпочитате да одите во теретана; или јадевте месо и сега, одеднаш, сте вегетаријанец; сакате да поминувате повеќе време со неговите пријатели отколку со вашите итн.
За да го избегнете ова сценарио, споредете кој сте биле пред врската и кој сте сега. Се разбира, треба да се смените и да се прилагодите до одреден степен во врската, но не и 100%. Ако вашите пријатели не можат да ве препознаат кога сте во врска и се среќни кога повторно ќе бидете сингл бидејќи им се врати стариот пријател, тогаш имате голем проблем. Бидете сигурни дека и кога сте во врска сè уште учествувате во некои од активностите што ги сакате, без оглед на тоа што вашиот партнер мисли за нив.
Неискреност
Лажењето е лошо, но понекогаш линијата помеѓу тоа што е добро а што погрешно може да стане матна, бидејќи во реалноста, сите лажеме. Сепак, општо правило е дека неискреноста е убиец на врските, а лагите дури и не мора да бидат големи за да предизвикаат катастрофа.
Несигурност
Ако сте несигурни во себе и во врската, можеби треба да побарате помош и да изградите поголема доверба во вашата позиција со партнерот. Никој не сака постојана и неоснована љубомора или да ве фали за тоа што го правите за вие да се чувствувате добро.
Крај