Како да ја одржите врската со вашиот партнер
Љубовта е трпелива, љубовта е убава… Но потребно е малку труд и знаење за вие и вашиот партнер да бидете среќни и задоволни на долг рок. Затоа ви подготвивме неколку трикови за кои е докажано дека придонесуваат врските да траат подолго.
БИДЕТЕ ПЕТ ПАТИ ПОФИНИ
Разликата помеѓу среќните и несреќните врски е односот на позитивните спрема негативните интеракции, поточно 5 спрема 1. Па, по една негативна интеракција за време на конфликт, среќниот брак има пет или повеќе позитивни интеракции. Кога среќните двојки разговараат за нешто важно, тие можеби ќе се расправаат, но исто така се смејат и зафркаваат при што се забележуваат знаци на љубов бидејќи партнерите воспоставиле емотивна поврзаност.
ПОДЕЛЕТЕ ГИ ДОМАШНИТЕ ОБВРСКИ
Делењето на домашните обврски е на трето место на листата од девет точки кои ги карактеризираат успешните бракови (по верноста и добриот секс). Имајте го на ум овој корисен податок, следниот пат кога вашиот партнер ќе се пожали дека мора да ја испразне машината за садови.
ПОМАЛКУ ОБЈАВУВАЈТЕ ПОСТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ
Разбираме дека сте заљубени и дека сакате сите ваши 843 “пријатели” да знаат за тоа. Но според експертите, колку некој е понесигурен во врската, толку е поверојатно да објавува постови на социјалните медиуми за да добие некој вид на валидација на врската. Секако можете да споделувате слатки фотографии од вас двајца кога сте биле на одмор, но ако вие (или вашиот партнер) премногу споделувате информации и фотографии поврзани со вашата врска, тогаш подобро погледнете што всушност се случува помеѓу вас двајцата.
ТЕЛЕФОНОТ ОСТАВЕТЕ ГО НАСТРАНА
Веќе знаете дека фабингот е штетен за вашата врска, но што ќе кажете за карањето преку текст пораки? Двојките кои се извинуваат или се обидуваат да се справат со меѓусебните разлики преку текст пораки се многу повеќе несреќни. Решение? За потешките и поделикатни теми разговарајте очи-во-очи. (Не грижете се, сепак можете да му испратите едно кратко “Извини” на вашиот партнер за некои мали неважни работи.)
КАЖЕТЕ “ТИ БЛАГОДАРАМ”
На почеток на врската, се воодушевувате секогаш кога вашиот партнер ќе ви го донесе утринското кафе, а сега едвај и да го забележите кога е веќе поставено на наткасната до вашиот кревет. Секој сака да се чувствува ценето, но да се биде во долга врска може да значи дека почнувате да се земате еден со друг здраво за готово. Благодарноста е клуч за здрав и успешен брак. Едноставниот чин да му кажувате “ти благодарам” на вашиот партнер редовно, ќе биде доволно моќен да го заштити бракот од развод.
ВОДЕТЕ ЉУБОВ ЕДНАШ НЕДЕЛНО
Експертите тврдат дека зголемувањето на сексуалната активност од еднаш месечно на еднаш неделно е еднаква на големината на среќата која се јавува кај луѓето кога годишните примања ќе им се зголемат за плус 1000 евра.
БИДЕТЕ ШАМПИОН ЗА ВАШИОТ ПАРТНЕР
Начинот на кој реагирате на добрите вести кои се однесуваат на вашиот партнер – со возбуда, гордост или индиферентност – е од витално значење за да имате долготрајна врска. И вестите не мора да бидат само за некои поголеми успеси, како на пример унапредувањето на вашиот партнер на работа. Дали вашиот партнер го собори рекордот во трчање за три секунди? – Пофалете го!
ПРОБУВАЈТЕ НОВИ НЕШТА
Двојките кои редовно пробуваат нови нешта заедно се посреќни во врската. Тоа е така бидејќи новите искуства го активираат системот на мозокот кој се однесува на наградување, и го полни со хормони за добро распожение како допаминот и норепинефринот. Па наместо да одите на состанок во вашиот вообичаен ресторан, зошто не се обидете да одите на концерт или во дискотека? Размрдајте се малку за да ја одржувате врската стабилна.
Крај