Лесно и брзо одзатнете го одводот без хемикалии!
Следниот пак кога ќе ви се затне одводот, не трчајте да купите скапи средства за чистење и одзатнување. Наместо тоа, лесно и брзо решете го проблемот со состојки кои ги имате во домот!
1. Оцет + сода бикарбона – ставете неколку лажици сода бикарбона, а потоа истурете од оцетот. Веднаш ќе забележите рекација и за кратко време водата ќе истекува без проблем.
2. Закачалка за облека од жица – сите ние во домот имаме барем неколку стари закачалки од жица. Земете една од нив и исправете ја најмногу што можете. Кога ќе добиете рамна жица на едниот крај направете мала кука и протнете ја низ мијалникот. Нема да ви се верува што сѐ ќе извлечете на тој начин. Кога ќе сметате дека сте исчистиле доволно, пуштете жешка вода низ одводот.
3. Сода бикарбона + сол – измешајте подеднаква количина на сода бикарбона и сол. Ваквата мешавина истурете ја низ одводот и оставете ја 20-тина минути, а потоа полијте жешка вода. Солта и сода бикарбоната во комбинација со жешка вода ќе доведат до хемиска реакција која треба да ви го реши проблемот.
Крај