Поучна приказна: Онаа која секогаш ќе ја отвора вратата
Еден ден, мажот и жената одлучиле да не ја отвораат вратата на никој кој ќе заѕвони пред нивниот праг.
Следното утро, ги разбудило ѕвончето на вратата. Погледнале да видат кој е – тоа биле неговите родители.
– Нема да ја отвораме вратата – одлучиле двајцата. Родителите си заминале.
После некое време, повторно заѕвонило ѕвончето на вратата. Погледнале кој е – тоа биле нејзините родители.
Одлучиле повторно да не ја отвораат вратата, но жената се расплакала. На мажот му паднало жал и им ја отвориле вратата.
Времето минувало. Имале четири сина и потоа добиле и петто дете – ќерка. Сопругот направил голема веселба во чест на раѓањето на ќерката. Пријателите го прашале зошто толку се радува, односно зошто се радува повеќе отколку кога станал татко на синовите.
Тој се насмевнал и одговорил: “ Се роди онаа која секогаш ќе ми ја отвора вратата”…
Извор: lolamagazin.com
Крај