Не ги осудувајте децата со одлуката да не ги вакцинирате!
Силната порака за вирусите која еден австралиски доктор ја поставил во ординацијата стана вирална благодарение на пациентите. Пациентите забележале табла прикачена на ѕидот со наслов: “Невакцинирањето на вашите деца ги остава ранливи за целиот живот”. Во продолжение имало неколку тешки и болни прашања, кои нема да остават рамнодушен ниту еден родител:
– Кога вашата ќерка ќе добие рубеола во бременоста, како ќе и објасните дека тоа е поради вашата одлука да не прими вакцина?
– Што ќе и кажете кога ќе ви се јави и ќе ви каже дека има рак на грлото на матката, затоа што вие одлучивте дека неа не и потребна ХПВ вакцина?
– Што ќе му кажете на вашиот син кога ќе ви каже дека не може да има деца како резултат на заушки што ги добил во тинејџерските години?
Дали ќе им кажете дека мислевте дека овие болести не се толку сериозни? Дека мислевте дека органската и домашно зготвената храна ќе бидат доволни да ги заштитат од сѐ?
Од ден на ден се зголемува бројот на луѓе кои се против вакцините и тие се борат со дезинформации и недоразбирања околу нив и нивното значење. Родителите треба да се информираат повеќе и да ги знаат ризиците на кои свесно ги ставаат децата поради нивната одлука да не ги вакцинираат.
Извор: boredpanda
Крај