Ослободете се брзо и лесно од инсектите во домот
Многу е лесно да се ослободите од досадните инсекти кои се насекаде низ домот, со употреба на отрови, но тие се многу опасни особено за децата и милениците.
Со нашите совети ќе се ослободите брзо и лесно од несаканите инсекти со употреба на сосема безбедни состојки.
Лебарки
За да се ослободите од лебарките, потребни ви се 1 главица кромид и 1 лажичка прашок за печиво. Исецкајте го кромидот на ситни парчиња и измешајте го со прашокот за печиво. Ваквата мешавина ставете ја на местото каде што најчесто се појавуваат лебарките.
Мравки
Ставете малку пченкарно брашно на местата каде што се појавуваат мравки. Ќе забележите позитивни резултати по 1 недела.
Комарци
Истурете неколку капки масло од лаванда, ментол или еукалиптус на чист сунѓер. Сунѓерот ставете го во тегла, затворете ја и оставете да отстои 24 часа. Потоа отворете ја теглата и оставете го мирисот да се рашири низ собата.
Извор: brightside
Крај