Оставете ги децата да се караат
Ништо не ги нервира родителите повеќе од звукот и врисоците на нивните деца кои се караат. Но, пред да започнете план за да го спречите нивниот следен судир, прочитајте ги овие аргументи кои кажуваат зошто не треба да интервенирате.
Конфликтот ја буди креативноста
Вештината да се има добар аргумент кој не станува личен е критичнa во животот. Но, тоа е она на што малку родители ги учат своите деца. Ние сакаме да им дадеме на децата стабилен дом, така што ќе спречиме браќата и сестрите да се расправаат, а ние како родители ќе имаме свои разговори и расправии зад затворени врати. Сепак, ако децата никогаш не се изложени на несогласувања, ќе се ограничи нивната креативност. Преговарањето, компромисот, преземањето одговорност се важни животни вештини што треба да се добијат токму од кавгите и дискусиите во семејството.
Решавањето на сопствените конфликти ги прави децата независни
Психолозите се залагаат мирно да се вклучат ако несогласувањата на децата ескалираат до точка на насилство. Родителите често интервенираат и помагаат за решавање на конфликтите помеѓу нивните деца, со што им ставаат до знаење дека некој постојано ќе им помага и ќе ги води нивните битки. Во реалниот живот не е така и колку побрзо децата ги научат вештините за да ги решат вистинските несогласувања, толку е подобро за нив.
Караниците ги подготвуваат децата да се вклопат и да се прилагодат на градинката и училиштето
Децата што се навикнати да се расправаат не се шокирани кога неизбежно се соочуваат со конфликт. Ако ретко гледаме расправии и дискусии, ние учиме да се оддалечиме од заканата од конфликт што прераснува во голем проблем понатаму. Нема подобро време од детството да научиме како да се избориме за она што го сакаме или кога да се повлечеме. И според психолозите нема подобар противник за да се практикуваат овие вештини од нашите браќа и сестри.
И знаете што е заедничко за адвокатите, агентите, главните менаџери и политичарите? – Умешноста за убедување!
Извор: purewow
Крај