Како да ги отстраните дамките од хемиско пенкало
Со оглед на тоа дека хемиските пенкала се на база на вода, алкохол или масло, тоа значи дека тврдокорноста на дамките најпрво треба да се третира со алкохол и вода. Дамките истријте ги со чист алкохол, а под ткаенината ставите хартија која впива.
Ако дамката од хемиско пенкало е стара, најпрво наводенете ја со топла вода, натапкајте сок од лимон и после 10 минути исперете со топла вода. Трагите од хемиско пенкало можете да ги третирате и со лак за коса. Напрскајте на критичното место и оставите да се исуши, потоа исперете ја дамката со разблажен оцет.
Не се обидувајте сами да отсранете дамки од црвено мастило, бидејќи тоа тешко се отстранува. Дамките од сино мастило исперете ги со раствор од топла вода и алкохол во сооднос 3:1. Дамките можете да ги триете и со лимонтус или директно со исечен лимон.
Извор: novosti.rs
Крај