Отстранете ги лесно дамките од шминка од облеката
Дамките од шминка се најчести дамки со кои тешко се справуваме и многу тешко можеме целосно да ги отстраниме… или барем така мислевме до сега. Всушност постои супер лесен трик за отстранување на шминка од облеката, а вие нема да верувате дека тоа е моќното средство кое најверојатно дури и го имате во вашата бања!
Еве што ви е потребно:
– пена за бричење
– четка за заби
– ладна вода
Чекор 1: Ставете пена за бричење на дамката.
Чекор 2: Со наводенета четка за заби (со ладна вода) размачкајте ја пената врз дамката.
Чекор 3: Тријте нежно додека дамката не се исчисти.
Чекор 4: Исплакнете со ладна вода.
Извор: ehow
Крај