Трикови за отстранување на дамки од антиперспиранти
Антиперспирантите се одлична поддршка против потењето. Сепак, тие исто така можат да предизвикаат проблеми, бидејќи оставаат траги на нашата облека.
За среќа постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните ваквите дамки од облеката.
Важно: Пред да примените некој од овие методи, прво проверете како ќе реагираат на мал дел од облеката!
1. Сол
Овој метод помага да се отстранат старите и закоравени дамки од облеката. Безбедно е и за бели и за обоени алишта.
Земете малку сол, навлажнете го делот од облеката кадешто се наоѓа дамката и расфрлајте ја солта на неа. Оставете да отстои 8-12 часа или преку ноќ. Потоа уште еднаш навлажнете го делот, додадете уште малку сол и тријте ја ткаенината. По таков “пилинг”, ставете ја облеката во машината за перење.
2. Оцет
Навлажнете ја дамката со оцет и оставете ја преку ноќ. Следниот ден, исперете ја облеката како и обично. Овој метод може да ја заштити обоената облека, како и волна и други природни ткаенини.
Сепак, избегнувајте да нанесувате оцет на бела облека бидејќи може да добие жолтеникава боја.
3. Лимон
Со помош на сок од лимон можете да отстраните свежи дамки од антиперспирантите.
Исцедете неколку капки сок право на дамката. Оставете го 5-10 минути, а потоа исплакнете ја облеката во млака вода.
4. Средство за миење садови
Средствата за миење садови можат да отстранат многу тврдокорни дамки, вклучувајќи и дамки од антиперспиранти.
Ставете малку од средството за миење садови на дамката, втријте го нежно во ткаенината и оставете го 30 минути. Потоа исплакнете ја облеката.
5. Вотка
Вотката е навистина добра за отстранување на бели дамки од темна облека.
За да ја отстраните дамката, ставете малку вотка на неа и почекајте неколку минути. Ефектот ќе се види речиси веднаш. Понекогаш оставете ја вотката на ткаенината подолго време, но не повеќе од еден час. На крај исперете ја облеката.
Крај