Оваа храна во големи количини може да ве убие
Дали има храна која толку многу ја сакaте, што би биле подготвени да умрете само за да уживате во неа? Најверојатно не. Но, сепак можеби не сте свесни за тоа колку секојдневната храна би можела да ве убие ако ја консумирате во големи количини. Не зборуваме за егзотични риби, плодови од отровно дрво, или месо со салмонела. Зборуваме за секојдневната храна во совршено нормална состојба, која всушност може да биде смртоносна, ако претерате со неа.
Чили пиперки
Можеби го сакате вкусот на лутите чили пиперки, но дали некогаш сте размислувале за тоа дали некоја од нив е доволно лута за да те убие?
Капсаицинот, активната состојка во чили пиперките и црниот пипер, е она што им ја дава нивната лутина. Во доволно високи дози може да го зголеми метаболизмот и исто така да предизвика воспаление на ткивото. Иако високата доза може да ве убие, поверојатно телото ќе реагира со потење, губење на здив и повраќање долго пред капсаицинот да постигне фатални резултати. За жал, децата се тие кои треба многу повеќе да стравуваат од високи нивоа на капсаицин.
Шеќер
Дали знаете колку шеќер е потребно за да се убие еден просечен човек? – Одговорот би бил околу 20.000 калории внесени од слатки наеднаш. Оваа количина може да биде фатална, бидејќи организмот одеднаш може да прими и разгради само одредена количина на шеќер.
Семе од афион
Уште еден можен убиец што секој го чува во кујната е семето од афион. Се користи за мафини и колачи, но исто така има и друга, понеславна употреба – се користат за правење хероин и опиум. Ако го консумирате во мали количини е безопасно. Опасноста е за оние кои го користат во големи количини за да направат домашен чај од афион, кој може да има опасни нивоа на природен морфиум и кодеин кој го има во неизмиените семиња. Исто така, некои семки можат да бидат посмртоносни од другите, поради варијациите во морфинските концентрации и помеѓу продавачите и помеѓу датумите на берба. Па така, може да се добијат смртоносни дози на морфиум од афионски чај ако се консумираат и умерени количини на чај.
Цимет
Ако мислите дека “предизвикот од цимет” е само лесен начин да ги видите вашите пријатели како се гушат и повраќаат, размислете повторно – циметот може да биде смртоносен.
Кога циметот се консумира во големи количини и без течност, може брзо да ги исуши и да ги прекрие дишните патишта на телото, што доведува до кашлица, задушување и иритација на грлото. Вдишувањето на цимет во прав може дури да доведе до пневмонија.
Крај