Оваа лоша навика полека, но сигурно ви го уништува бракот!
Постојат многу мали, досадни навики кои влијаат на бракот, а за кои сите ние повеќе или помалку сме виновни. Најновата е ‘’Gatekeeping’’- еве за што станува збор.
Тоа е кога очекувате од вашиот партнер да помогне околу домашните обврски и куќата (или во било која област од вашиот брачен живот), но тој или таа не може да го стори тоа според вашите стандарди и очекувања или онака како што вие тоа го имате замислено.
Еве неколку примери: Го замолувате вашиот сопруг да ги измие чиниите… потоа се лутите бидејќи на една чинија сте нашле микронска нечистотија (која реално и не постои или барем не е видлива со голо око). Или вашата сопруга вели дека оваа година таа ќе им испрати новогодишни честитки на вашите пријатели… а вие проверувате секој ден за да видите дали таа започнала да го прави тоа. Го замолувате вашиот партнер да зготви вечера … и лебдите над неговото рамо цело време и давате совети колку сол да стави, проверувате дали ставил магдонос…
Зошто е ова лошо за вашиот брак?
Кога вашиот брачен партнер се обидува да помогне и да превземе дел од домашните обврски, а вие само го опоменувате и се жалите дека не ги извршува добро и давате совети како истите треба да се прават, тоа е деморализирање за двајцата: тој ќе биде претпазлив и ќе дава изговори за да не го прави тоа во иднина, а вие ќе бидете фрустрирани бидејќи ќе треба сѐ да правите сами.
Па што треба да направите?
Едноставно оставете го! Нека ги измие чиниите онака како што умее. Нека ја послужи вечерата со премногу магдонос (и кажете му дека е превкусна!). Сѐ ќе биде средено во домот и двајцата ќе бидете многу поисполнети и посреќни.
Крај