Дали знаете што јадете? Оваа состојка ја има речиси во сите прехранбени производи
Станува збор за соја лецитин – состојка која ќе ја најдете речиси секаде. Но, малку од нас знаат што всушност претставува и дали и колку е штетна.
Соја лецитинот е Е322, односно хербален емулгатор кој се користи во производство на готова храна. Тој главно се користи како додаток во детската храна, чоколадата, пекарските производи, млечните производи, зачините, сладоледот итн. Тоа е природен емулгатор добиен од соја, а по хемиска формула е фосфолипид кој во прехранбената индустрија се користи за поврзување на водата и мастите во производите и дава карактеристична текстура и конзистентност.
Поради овие негови својства, го има во многу прехранбени производи. Иако сојата е познат алерген, лецитинот не би требало да предизвикува алергии.
Лецитинот природно го има и во растенијата и кај животните: во жолчката, говедскиот црн дроб, оревите, кикириките, сојата, портокалите, карфиолот, во ладното цедено растително масло итн.
Она што ги загрижува експертите е фактот дека соја лецитинот се добива од масло од соја, а познато е дека сојата е генерално генетски модифицирана. За сега не е познато на кои начини може да влијае врз здравјето, бидејќи оригиналниот извор на соја лецитинот речиси е невозможно да се следи.
Крај