Дали знаевте дека овие предмети имаат рок на траење?
Сите ние секогаш го проверуваме рокот на млекото и точно знаеме колку долго можеме да ги употребуваме производите за убавина. За жал, многу од нас не обрнуваат внимание на некои предмети од домот кои не опкружуваат многу подолго време отколку што навистина би требало.
Погледнете ја листата на предмети од домот кои имаат ограничен рок на траење и обрнете им повеќе внимание:
Перници (2-3 години)
Можеби долго време сте ја барале совршената перница за вас и сега кога конечно ја најдовте сигурно не сакате да се одвоите од неа. Но со тек на време сите видови перници стануваат дом на прашински грини, а исто така можат да предизвикаат болки во вратот поради неизбежното губење на формата.
Сунѓери (2 недели) и луфи (6 месеци)
Сунѓерите и луфите за капење, по извесен период започнуваат да собираат габи и мувла. Природните и синтетичките луфи можете да ги зовриете во вода и на тој начин да ги уништите бактериите, но сепак не значи дека можете да ги употребувате неограничено.
Пешкири (1-3 години)
Влажните пешкири се совршена средина за размножување на бактериите. Колку често и да ги перите, тоа не е решиние за овој проблем.
Четка за заби (3 месеци)
Се разбира дека треба да ја замените четката за заби со нова кога ќе забележите дека почнува да ја губи формата. Но исто така, треба да купите нова четка за заби после настинка или грип, во спротивно постои ризик повторно да се разболите.
Четки за коса (1 година)
Четките за коса треба да се чистат барем еднаш неделно и истите треба треба да се заменат еднаш годишно. Ако станува збор за четка со природни влакна таа треба да се замени со нова на 7-10 месеци.
Цуцла (2-5 недели)
Цуцлите од латекс треба да се заменуваат со нови без разлика колку време се користеле или што сеуште изгледаат како нови. Латексот се оштетува многу лесно а пукнатините се совршено место за размножување на бактериите.
Патики за трчање (1 година)
Откако ќе поминете одреден број на километри со патиките, тие ја губат формата и мекоста што дополнително ќе значи поголем притисок и напор додека трчате. Ако активно трчате или спортувате, патиките треба да ги менувате барем еднаш годишно.
Штекери (4-5 години)
И штекерите имаат рок на траење. Иако можеби на кутијата нема да најдете рок на трење, експертите советуваат дека е пожелно да се менуваат на секои 4-5 години, бидејќи тие се главна причина за пожари во домовите. Ако штекерите се топли на допир или ако забележите дека ја промениле бојата, време е да да купите нови.
Крај