Сите ги употребуваме кога готвиме, а не сме свесни какви отрови испуштаат во храната
Тефлон
Кога ќе се загреат на висока температура, тефлонските тави испуштаат отровни соединенија во храната. Меѓу нив се наоѓа и перфлуороктанската киселина која е канцерогена, но може да предизвика и други проблеми во телото: лошо делува врз срцето, крвните садови, штитната жлезда и дебелото црево. Колку е поголемо нивото на оваа киселина во телото, толку е поголем и ризикот од вакви заболувања.
Затоа најдобро е да изберете тави од не’рѓосувачки челик или емајл.
Тефлонот се крие во многу предмети кои секојдневно ги употребуваме:
- забен конец
- кеси со пченка за пуканки за микробранова печка
- пегли за коса
- разни помагала при печење, вклучувајќи го и поголемиот дел на мрсна хартија
- теписи
- водоотпорни маскари
- во некои сијалици
Пластични садови
Исто така, пластичните садови и приборот кои луѓето ги ставаат во микробранова печка или ги користат за готвење, можат да испуштат штетни токсини во храната и така влегуваат во нашето тело.
Алуминиумска фолија
Кога алуминиумската фолија се загрева, таа во храната испушта алуминиум кој подоцна завршува во нашето тело. Истражувањата покажале дека станува збор за количини кои се штетни за нашето здравје. Подготовката на храната, подгревањето или чувањето на остатоците од храната во алуминиумска фолија е штетно! Алуминиумската фолија не е опасна доколку во неа се става ладна храна.
Колку е температурата повиска, толку повеќе алуминиум завршува во храната. Таложењето на алуминиумот во телото може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се остеопороза и Алцхајмерова болест.
Крај