
Секој кој прв пат купува машина за миење садови го доживува чувството дека никогаш ништо нема да биде како порано. Машината за садови е дефинитивно од огромна помош во домаќинствата, но тоа не значи дека треба да се користи за сè. Постојат предмети кои е најдобро да ги измиете на стариот начин.
Сѐ што е изработено од дрво: Од даски за сечење, дрвени чинии, па сѐ до кујнскиот прибор што има дрвена рачка, најдобро е да се мие со рака. Едно-две миења во машината за садови, сигурно нема да им наштетат, но доколку постојано го правите тоа тие ќе се изгребаат, ќе се оштетат па може дури и да се скршат.
Кристал: Се подразбира дека скапото и кршливо стакло треба да се измие со рака, наместо да ризикувате да се распука или да се оштети во машината за садови.
Ренде: Факт е дека сирењето им дава посебен вкус на салатите и различните јадења, но сигурно не сакате остатоци од сирење залепени на целиот ваш прибор и садови.
Нелепливи тави: Додека некои брендови се безбедни за миење во машина за садови, други може да го изгубат квалитетот, па затоа секогаш е најдобро да проверите пред да ги ставите во машината.
Професионални кујнски ножеви: Температурата на водата од вашата машина може да ги оштети сечилата на ножевите. Затоа, секогаш чистете ги рачно со сунѓерче и вода и веднаш потоа исушете ги со памучна крпа.
Сѐ што има налепници: Старите тегли можете да ги употребите за од нив да направите ретро чаши за пиење или да ги употребите повторно за да чувате нешто во нив. Ова е одлично, но пред да ги ставите во машината за миење садови прво отстранете ја налепницата. Во текот на миењето таа лесно може да се одлепи и да се залепи на филтерот, што ќе доведе до скапи поправки.
Крај