Овие работи не смеете да ги носите во Дизниленд!
Дали се подготвувате за семејно патување во Дизниленд? Еве неколку работи кои не треба да ги спакувате и да ги понесете со себе, бидејќи не се дозволени во Дизни парковите. Еј, па дури и најсреќното место на светот има правила!
Селфи стик (selfie stick)
Извинете, но ќе мора да направите совршена селфи фотографија како во старите времиња, бидејќи рачните држачи за мобилни телефони и апарати се забранети!
Завиткани подароци
Можеби сакате да го прославите роденденот на вашето дете во Дизниленд, но најдобро е да не го пакувате подарокот или да го направите тоа откако ќе пристигнете таму. Вработените мора да проверат што внесувате, па сигурно не сакате трудот за пакување да ви биде залуден.
Столови на расклопување
Би било одлично ако наместо чекањето во ред за некоја атракција, можете да седнете и опуштено да го чекате вашиот ред. Но, освен ако не станува збор за мали фиксни столчиња, столовите на расклопување се на листата на строго забранети предмети во Дизниленд.
Дронови
Предмети кои се регулираат со далечинско како дронови или детски автомобили не се дозволени во Дизни парковите.
Миленици
Вашето милениче ќе мора да ви прости, но и покрај тоа што многу сакате да понесете со себе – тоа е не е дозволено!
Стаклени садови
Ако сакате да понесете шише со вода, погрижете се да биде метално или пластично, бидејќи стаклените садови се забранети заради опасноста што лесно можат да се скршат. Сепак, малите стаклени теглички со бебешка храна се дозволени.
Крај