Овие работи никако не смеете да ги ставите во микробранова!
Микробрановата печка е кујнски апарат кој го има речиси во секое домаќинство. Но, не сите се свесни за опасноста која може да настане од ставањето на одредени производи.
Ние ви даваме листа на работи кои никако не припаѓаат во микробрановата:
Овошје
Некои видови овошје, како јаболката или бананите само ќе изгубат на вкус и текстура доколку ги ставите во микробранова. Грозјето, од друга страна ќе експлодира, додека сушеното овошје (сувото грозје или сувите сливи) ќе ви ја исполнат кујната со чад.
Кутии од храна за носење
Колку и да се практични, кутиите можат да се запалат во микробранова. А во зависност од материјалот од кој се направени, можат и трајно да ја оштетат вашата микробранова.
Алуминиумска фолија
Сѐ што е метално, фолија или сад ќе ви ја уништи микробрановата. Метални предмети не се дозволени! Тенките метали, како алуминиумската фолија претставуваат поголема опасност, бидејќи се преоптоварува со електрични струи генерирани во внатрешноста на микробрановата и се загрева многу брзо, со што опасноста од пожар е многу реална работа.
Пластични садови
95% од загреаната пластика ќе ослободи штетни хемикалии. Иако некои од нив се означени како “безбедни за микробранова”, обидете се да избегнувате секакви пластични садови или од стиропор, бидејќи ќе ослободат штетни хемикалии.
Јајца
Ако не знаевте до сега, брзата топлина ќе создаде многу пареа под лушпата. Бидејќи нема да има ослободување, јајцата ќе експлодираат. Тоа не мора да значи дека ќе ви ја уништи микробранова печка, но чистењето сигурно ќе ви биде проблем.
Замрзнато месо
Замрзнатото месо, дури и на препорачаната температура за одмрзнување, ќе се подготви нерамномерно. Внатрешноста ќе остане замрзната, додека однадвор ќе биде веќе готово.
Кафеави хартиени ќеси
Ништо не изгледа побезбедно од хартиена ќеса, но не само што не се хигиенски туку можат да ослободат и токсични хемикалии. Под интензивна топлина, тие ќе се запалат.
Крај