Палачинки од три состојки
Супер лесни, вкусни и воздушести палачинки кои можете да ги послужите со крем, мед, џем или овошје.
За подготовка на овие палачинки не ви се потребни никакви кулинарски способности и вештини – толку се едноставни што може да ги приготви секој!
Состојки:
1 чаша брашно
1 чаша млеко
1 јајце
Подготовка:
Во сад се ставаат состојките и се мешаат со маталка. Тавчето се премачкува со масло и се става од смесата. Палачинката се превртува од двете страни додека не добие убава боја.
*Од овие состојки се добиваат 6-7 мали палачинки.