Најлесниот рецепт за палачинки од компир
Состојки:
– 800 гр компири
– 1 главица кромид
– 1 јајце
– 2 лажици брашно
– 1 лажичка сол
– прстофат мелен бибер
– 1/2 лажичка црвен пипер
– по потреба масло
Подготовка:
1. Компирите се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се ставаат во цедилка и убаво се мијат со вода, а потоа се оставаат 20-тина минути да се цедат.
2. Кромидот се ренда или се сецка многу ситно и се додава во компирите.
3. Откако ќе отстојат 20 минути, компирите се притискаат со рака за да се исцеди целата вода од нив и се ставаат во подлабок сад.
5. Во садот се додаваат и јајцето, брашното, зачините и сѐ заедно убаво се промешува. Смесата не треба да биде течна или премногу соединета.
6. Со помош на рацете се формираат топчиња кои се притискаат а потоа се ставаат во тава со врело масло и се пржат додека не добијат убава боја.
Крај