Паметна брава за велосипеди
Сите велосипедисти делат ист страв: без разлика колку цврсто ќе го заклучите вашиот велосипед, некој сепак ќе се обиде да го украде и да побегне со него. Конечно, постои решение и за овој проблем, а тоа е Bisecu.
Bisecu е паметна брава за велосипеди која се поврзува со апликација во вашиот телефон преку Bluetooth. Бравата се прикачува на предното тркало од велосипедот и се синхронизира со вашиот телефон. Кога ќе се оддалечите на одредено растојание од вашиот велосипед, таа автоматски го заклучува тркалото и спречува негово поместување. Штом повторно се доближите до велосипедот, Bisecu сама се отклучува.
Екстра добри вести за параноидните велосипедисти – бравата не може однадвор да се пресече или отстрани, па крадците на велосипеди кои сметаат дека се доволно паметни, нема да можат да отворат ништо. Ако се случи некој да го чепка вашиот велосипед, веднаш ќе ви стигне известување од апликацијата на вашиот телефон и вие ќе можете да го фатите крадецот на дело. Самата брава ќе вклучи аларм.
За обожавателите на фитнес, оваа паметна брава исто така може да ја мери вашата брзина, оддалеченост, време на патување, па дури и согорени калории и на тој начин ќе можете да го следите прогресот на вашите секојдневни вежби. Резултатите можете да ги гледате во самата апликација.
Слики и текст превземени од Mashable
Крај