Пет основни типови на неверство
Експертите за врски се веќе чекор понапред во анализата на “видот” и нивото на неверството, наведувајќи дека постојат пет основни типови на неверство помеѓу партнерите.
Лесно “скитање”
Ова неверство не е физичко, па и не е емоционално, туку настанува тогаш кога помислуваме на друга личност, кога ќе почнеме да фантазираме за неа или да замислуваме како би ни било да сме заедно со таа личност.
Неверство на една вечер
Се случува непланирано, како физичка работа, еднаш и обично не се повторува, туку едноставно е грешка која никогаш повеќе нема да дозволите да се случи.
Емоционално неверство
Настанува кога платонската љубов кон оној за кого фантазираме со зголеми, интензивира, а и понатаму сме во врска со стариот партнер. Може да биде опасна ако емоциите кон симпатијата продолжат да растат.
Повеќекратно неверство
Неверството е и физичко и емоционално, го изневеруваме партнерот со личноста која нас силно не привлекува во секоја смисла и се заљубуваме во неа. То е пример за “седење на два стола”.
Афера
Не само да изневеруваме, туку и продожуваме да изневеруваме и кога нашиот партнер ќе дознае. Толку сме ја изгубиле главата или сме толку безобзирни што дури немаме грижа на совест што го повредуваме и исмеваме партнерот.
Извор: novosti.rs
Крај