Проклетството на Петок 13-ти – мит или вистина?
Петок 13-ти веќе долго време се смета за носител на лоша среќа и проклетство. Па така овој ден беше инспирирација за тајното друштво од доцниот 19-ти век, роман од почетокот на 20-тиот век, голем број на хорор филмови и за еден тежок психолошки термин: трискаидекафобија – страв од овој наводно несреќен ден.
Стравот од Петок 13-ти
Исто како црната мачка што го попречува патот или скршеното огледало, многу луѓе се држат за верувањето дека Петок 13-ти носи лоша среќа. Иако е непознато кога оваа традиција започна, негативните суеверија околу бројот 13 се вејат со векови.
Во западните култури, историски бројот 12 се сметал за симбол на среќа и целост (постојат 12 месеци и хороскопски знаци, 12 богови од Олимп), но неговиот наследник 13 има долга историја како знак на лоша среќа.
На пример древниот Кодекс на Хамурабите, наводно го изоставил 13-тиот закон од својата листа на правни правила. Иако ова веројатно била клерикална грешка, суеверните луѓе понекогаш укажуваат на тоа како доказ за долготрајните негативни асоцијации на бројот 13.
Зошто Петок 13-ти се смета за несреќен?
Според библиската традиција, 13 гости присуствувале на Тајната вечера: Исус и неговите 12 апостоли (од кои едниот – Јуда, го предаде). Следниот ден, Велики петок е денот на распнувањето на Исус.
Се верува дека редоследот за седење на Тајната вечера предизвикал долгогодишно христијанско суеверие дека ако има 13 гости на масата, тоа е лош знак – симбол на предавството и смртта.
Иако денес суеверијата околу петок се послаби, некои сугерираат дека имаат корени од христијанската традиција: како што Исус бил распнат на крст во петок, тој ден Ева му го дала на Адам кобното јаболко и Каин го убил својот брат Авел.
Кои лоши работи се случиле на Петок 13-ти?
Во петок, 13 октомври 1307 година, офицерите на кралот Филип IV од Франција уапсиле стотици Витези Темплари, моќна верска и воена група формирана во 12 век за одбрана на Светата земја. Затворени по обвиненија за разни нелегални однесувања (но всушност затоа што кралот сакал пристап до нивните финансиски ресурси), многу од Темпларите подоцна биле погубени. Некои дури сметаат дека оваа случка го поттикнала суеверието за Петок 13-ти, но како и многу легенди во кои се вклучени Темпларите и нивната историја, вистината останува мрачна и непозната.
Во поново време, голем број на трауматски настани се случија на Петок 13-ти, вклучувајќи го и германското бомбардирање на Бакингемската палата (септември 1940); убиството на Кити Џеновезе во Квинс, Њујорк (март 1964); циклон во кој загинаа повеќе од 300.000 луѓе во Бангладеш (ноември 1970); исчезнувањето на чилеанскиот авион во Андите (октомври 1972); смртта на раперот Тупак Шакур (септември 1996) и падот на бродот “Коста Конкордија” од брегот на Италија, во кој загинаа 30 лица (јануари 2012 година).
И за крај останува прашањето дали е мит или вистина?
Психолозите укажуваат на фактот дека ако нешто лошо се случи на тој специфичен датум, во главите на луѓето се врежува трајно како настан предизвикан од проклетството на овој ден и веднаш забораваат на сите останати петок 13-ти кога се поминало без никаков проблем.
Значи, вистина е она во што луѓето веруваат или сакаат да веруваат. За нас петок (13-ти или кој и да е) е ден кога започнува викендот, а вие како сакате!
Крај