Пицата ја зголемува продуктивноста
Ако ви требаше уште една причина за да јадете пица…
Според една студија објавена во книгата на психологот Дан Арили, ветувајќи пица како награда за добро сработена работа може да ја зголеми продуктивноста на работното место на извонреден начин.
Арилиовата студија вклучила испраќање на три пораки до работниците на почетокот на работната недела. Вработените биле поделени во четири групи: на првата група и била ветена пица ако навремено и добро ја сработат работата, на втората пофалба од шефот, а на третата мал паричен бонус. Четвртата група од учесниците не добила никаква стимулација.
По првиот ден од мерењето на продуктивноста на секој сектор, пицата без конкуренција била највисок мотиватор, зголемувајќи ја продуктивноста за 6,7%. Потоа следела пофалбата од шефот со 6,6% зголемена продуктивност, а бонусот бил последен со 4,9%.
Иако оваа студија не докажува дека пицата секогаш ќе ја зголеми продуктивноста на работата, сепак вреди ова да му споменете на вашиот шеф кога нареден пат ќе се зали за ненавремено завршените обврски.
Крај