Дали е добро да пиеме вода додека јадеме?
На телевизија често пати слушаме дека е забрането да се јаде и да се пие вода во исто време. Некои експерти објаснуваат дека водата ја разредува стомачна киселина, други мислат дека тоа е причината за дебелеењето. Па, може ли обичната вода да биде штетна за нас?
Процесот на варење започнува во оној момент кога размислуваме за нашиот иден оброк и тогаш плунката се произведува во устата. Кога џвакаме храна, ја мешаме со плунката која ги содржи потребните ензими за варење. Потоа, омекната храна се спушта во нашите стомаци каде што се меша со стомачната киселина. Во просек, на желудникот му требаат 4 часа за да ја свари храната.
Водата не останува во стомакот долго време. Значи, ако пиете вода додека јадете, таа нема да се задржи и да формира езеро во вашиот стомак. Поминува низ проголтаната храна многу лесно, ја навлажнува и брзо го напушта желудникот.
Водата не ги разредува киселините кои се потребни за варење на храната.
Нашето тело е комплициран, но многу добро организиран систем. Ако желудникот “чувствува” дека не може да ја свари храната, тој произведува повеќе ензими и ја зголемува киселоста на течноста внатре. Дури и ако испиете половина литар вода, тоа нема да влијае на нивото на киселост.
Па, дали може да пиеме вода додека јадеме?
Внесувањето вода за време на оброкот нема да ви направи никаква штета. Напротив, водата помага во омекнување на тврдата храна. Но, не треба да пиете пред да ја проголтате храната – треба да има доволно плунка во храната која ги содржи потребните ензими за нејзино варење.
Ако пак, имате навика да пиете чај со храната наместо вода, нема ништо лошо ниту во тоа. Истражувањата покажуваат дека не постои разлика во нивоата на киселост по пиење чај или вода.
Крај