Пијалоци кои не треба да ги нарачате на првиот состанок
Дали ве ‘’убива’’ неизвесноста од првиот состанок? Не грижете се, ние ќе ви помогнеме барем кога станува збор за изборот на пијалок, или поточно што никако не треба да нарачате кога сте излезени на прв состанок.
Верувајте, подоцна ќе ни бидете благодарни!
Cosmopolitan
Иако генерално нема ништо лошо во овој пијалок, сепак доколку се одлучите за него испраќате порака дека копнеете за луди журки до раните утрински часови. Па…ве предупредивме!
Long Island Iced Tea
Не треба многу објаснување и на сите ни е многу добро познат ефектот на овој пијалок: ако го нарачате, бидете сигурни дека нема да оставите добар впечаток.
Sex on the Beach
Овој коктел е совршен додека сте на тропски одмор, но немојте да го нарачувате на првиот состанок. Името е навистина провокативно за еден безопасен овошен пијалок.
Извор: liquor
Крај