Пилешка крем супа со карфиол и брокула
Состојки:
- 1 пилешки батак со карабатак
- 200гр карфиол
- 100гр брокула
- 1 главица кромид
- зачини: сол, црн пипер, куркума и оригано
Подготовка:
Батакот со карабатакот се вари додека месото не омекне. За подобар вкус може да се додаде и еден ловоров лист и половина чешне лук.
Кога месото е скоро готово, се додава карфиолот и се остава да се вари 15 минути, а на крај се додава брокулата бидејќи за неа се доволни само 5 минути варење.
Месото се вади од супата и се остава да се излади, а потоа се отстранува коската и ситно се сецка. Брокулата и карфиолот се ставаат во блендер и се блендираат додека не се добие хомогена смеса и се враќаат назад во тенџерето во кое се приготвува супата. Во меѓувреме кромидот се ренда и се пржи на умерена температура додека не добие светло кафеава боја. Потоа се додава во супата за да се свари.
Месото се додава во мешавината од карфиолот и брокулата. Целата смеса треба добро да се измеша за да не останат грутки. Се додава сол, црн пипер, куркума и оригано или некој друг зачин по избор. Се вари кратко додека супата стане густа. По желба може да се додаде и сецкан магдонос или целер.
Крај