Најсочното пилешко во маринада
Тајната на вкусно и сочно месо е во маринадата. Ви го даваме совршениот спој на вкусови кој сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
1 кг пилешки гради
100 мл маслиново масло
2 лажици оцет балсамико
3 лажици соја сос
100 мл доматно пире
1 лажица сенф
1 лажица мед
1 лажичка сол
1 лажичка кари
1 лажиччка лут буковец
3 лажички црвен пипер
1 лажичка оригано
1/2 лимон
Подготовка:
1. Во поголем сад се мешаат сите состојки за маринадата додека не се соединат.
2. Пилешкото месо се сече на помали долги парчиња кои се ставаат во садот со маринадата и се оставаат да отстојат околу 1 час.
3. Тавата за печење се обложува со хартија за печење и во неа се распоредуваат парчињата месо. Месото се прелива со остатокот од маринадата и се пече 45 минути на 220 степени.
Крај