Подгответе омлет како од ресторан
Се прашувате како да направите совршен омлет? Има повеќе од еден начин за правење омлети. Многу различни состојки може да се користат за надополнување на вкусот, а можностите се бесконечни. Можете да искористите една или повеќе од вашите омилени состојки. Некои класични омлети вклучуваат рендан кашкавал или сирење, кисела павлака, шунка или сланина, печурки, пиперки, домати, кромид, свежи зачини, па дури и вкусни остатоци од ручекот или вечерата.
Никогаш веќе нема да погрешите во подготовката на омлет, откако ќе ги усовршите овие трикови и совети.
Состојки:
2 јајца
2 лажици вода
прстофат сол
прстофат мелен бибер
1 лажица путер
½ филџан полнење по желба (сирење, кашкавал, шунка, печурки, спанаќ итн.)
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата заедно со водата, сол и бибер во мала чинија додека не се соединат и не станат пенести.
2. Во нелепливо тавче растопете го путерот на средно висока температура, а потоа додадете ги изматените јајца.
3. Нежно со шпатула потурнете ги краевите кон средината, за да може омлетот рамномерно да се подготви.
4. Кога на горната површина на омлетот не се забележува течност од незготвени јајца, на едната страна ставете го полнењето што претходно сте го подготвиле. Полека преклопете го омлетот на половина, така што ќе го покриете делот со полнењето. Веднаш ставете го во чинија за сервирање и послужете го.
Крај