Дали постојано заборавате? – Подобрете ја меморијата!
Воопшто не е невообичаено да заборавате работи: пример каде го оставивте клучот со кој штотуку ја отклучивте вратата или името на лицето со кое се сретнавте пред 10 минути на работа.
Но, ако се борите да ги следите сите важни работи што треба да ги направите на дневна основа, тогаш треба да работите на обидот да ја подобрите вашата меморија.
Има многу причини зошто ги забораваме работите: затоа што не обрнуваме доволно внимание, заради возраста или “мајчиниот мозок” – кој очигледно навистина постои.
Еве четири начини со кои можете да добиете меморија како слон:
Вежбајте и хранете се правилно
Храната и вежбањето не само што прават вашето тело да изгледа и да се чувствува добро, туку исто така можат да направат чуда и за вашиот мозок. Јадењето овошје како боровинки кои содржат антиоксиданти помага да се заштитат мозочните клетки, додека црниот грав кој содржи витамин Б и фолна киселина, го подобруваат здравјето на мозокот. Вежбањето исто така помага да се подобри протокот на крв, што е потребно за да се испорача кислородот во вашиот мозок.
Со работа до совршенство
Подобрете ја вашата ментална стимулација со тестирање колку добро можете да се сетите на работите со правење списоци. На пример, направете листа со работи кои треба да ги направите или листа со намирници кои треба да ги купите. Потрудете се да запомнете се од списокот, а потоа направете еден час пауза. Потоа обидете се да се сетите на што е можно повеќе предмети. Немојте да се демотивирате ако не можете да се сетите на многу. Вашата меморија ќе се подобри како што вежбате секојдневно, користејќи распоредено повторување.
Променете го животниот стил
Ако сакате да уживате до доцните ноќни или утрински часови, тогаш добро е да ги промените вашите модели за спиење ако сакате подобра меморија. Добриот ноќен сон му помага на процесот на мозокот и ги задржува информациите научени во текот на денот. Спиењето ни помага да ги синтетизираме новите идеи, а не само да се сеќаваме на старите.
Усовршете нова вештина (научете нешто ново)
Усовршување на нова вештина, како што е учењето на нов јазик, може да има позитивен ефект врз функцијата на мозокот. Тоа докажано ја подобрува интелигенцијата, концентрацијата и се разбира меморијата. Учењето да се свири инструмент или нов спорт исто така може да помогне во подобро функционирање на мозокот.
Крај