Искрена приказна на еден татко: Понекогаш треба да им се каже “НЕ” на децата
Да се биде родител е најубавата улога во животот, но сите треба да бидеме реални дека родителството не го сочинуваат само насмевките од децата, играта и смеата туку и тешкотиите што доаѓаат со воспитувањето деца. Овие често нераскажани приказни им помагаат на родителите да не се сами во својата борба и да бидат подобри родители.
Еве ја искрената приказна на еден татко:
Со сопругата и со нашата 7 годишна ќерка отидовме заедно да купиме книга со парите од нејзиниот роденден. Со нас ја понесовме и помалата 4 годишна ќерка. Таа на полиците пронајде ранец со Пепа, го зеде во рацете и го понесе кон себе заштитнички за никој да не може да и го одземе. Иако дома веќе има сличен ранец, почна да го прегрнува и да извикува Пепа, Пепа… со толку нежно и слатко лице кое би ве растопило. И објаснив дека дома веќе има ранец со Пепа, но беше залудно и не можев да ја убедам да го врати на полицата.
Јас, како татко се соочив со две одлуки: да го купам ранецот што веќе го има, нешто непрактично, но ќе ме поштеди од скандал во продавницата или да и го земам од рацете и да ризикувам епски колапс. Со вакви дилеми се соочувам многу често за време на воспитувањето на моите деца. На крајот ја одбрав втората опција.
Чекав додека мојата сопруга и децата не завршија со купување, потоа и ја зедов играчката од рацете, а таа почна да вреска како да сум и откинал дел од телото. Ја извадив од продавницата под мојата рака, додека плачеше и мрдаше со нозете во воздухот.
Ја однесов во автомобилот за да се смири. И откако и кажав се што сакав да кажам, ја погледнав на задното седиште и се запрашав дали ја донесов вистинската одлука.
Пред да станам родител, оваа сцена сум ја гледал милион пати во најразлични продавници. Но, додека немав деца, никогаш не сфаќав колку ова е емоционално и тешко за еден родител.
Значи, имате две опции: ако во ваков момент го купите тоа што го сака детето, ќе создадете очекување дека секогаш кога ќе зграпчи нешто во продавница ќе му го купите без оглед на сѐ или ќе преживеете непријатна сцена и ќе им го нарушите мирот на сите околу вас со цел да ги утврдите границите со вашето дете.
Јас поставив граница и кажав “не”. Ја прекинав мирната и пријатна атмосфера во книжарата, за да го направам тоа и бев засрамен! Но, гледајќи на тоа сега, знам дека го направив она што е најдобро.
Родителите секојдневно се соочуваат со вакви ситуации и треба да донесат тешки одлуки. И никогаш не е лесно. Но, ако го читате ова и сте се соочиле со нешто слично, знајте дека не сте сами.
Крај