Црно-белите портрети од Викторијанскиот период оживеани со силни бои
Графичарот и историчар, Фредерик Дуриес дигитално ги обојува црно-белите фотографии, давајќи им живост на ликовите.
Неверојатните слики прикажуваат екстравагантно облечени деца со тажни очи и депресивен изглед, намуртен млад пар во блескава облека, млади жени со совршено зафатена коса наназад и искрени мажи кои гордо позираат. Дуриез објаснува дека ги избрал сликите затоа што бил “привлечен од убавината на облеката и особено фустаните од овој период” и бил фасциниран од овие портрети без израз, бидејќи сите изгледале како замрзнати во времето.
Во раните денови на фотографијата, за да се направи една фотографија било потребно најмалку петнаесет минути изложеност на светлина, што би можело да објасни зошто луѓето на портретите од Викторијанскиот период ретко се смешкаат и зошто сликите од оваа ера се повеќе фокусирани на зафаќање на суштината на личноста, а не краток момент во времето.
Во прилог погледнете ги неверојатно трансформираните фотографии:
Слики и текст превземени од: mymodernmet.com
Крај