Практична примена на вашиот омилен пијалак – Coca Cola
Покрај тоа што е еден од омилените пијалаци на многу од нас, кока колата има и друга широка примена која сигурно ќе ве воодушеви. Па, ако до сега не ја сакавте, сега сигурно често ќе ја купувате!
Одлично ја чисти веце-школката
Киселините кои се наоѓаат во кока колата ги разградуваат дамките исто како и редовните средства за чистење на бања.
Истурете ја кока колата околу внатрешноста на веце-школката и оставете да отстои барем еден час пред да исчистите со четка.
Чисти крв и маснотии од ткаенина
Кока колата содржи карбонски и фосфорни киселини кои нема да ви наштетат, но одлично ќе се справат со дамките од крв и маснотии. Додајте кока кола во машината за перење за најдобри резултати.
Отстранува `рѓа и им дава сјај на старите монети
Содржината на киселини ќе им даде сјај на старите монети. Ставете ги во еден сад и истурете доволно кока кола за да ги покриете. Монетите нека стојат околу 4-5 часа. За најдобри резултати превртете ги на половина од времето. Исплакнете ги со топла вода, а потоа восхитувајте му се на нивниот сјај!
Ги олабавува заглавените штрафови и навртки
Едноставно истурете кока-кола на `рѓосаната, заглавена навртка и почекајте 1-2 минути пред да ја одвртите.
Ги чисти стаклата од наочарите
Истурете кока кола на замастените наочари, измијте со чиста вода и избришете ги со мека крпа.
Ги чисти загорените тави
Загорените тави се кошмар на секоја домаќинка! Но, не грижете се повеќе, само истурете малку кока кола и оставете да се впие неколку минути пред да се измиете со сунѓерче.
Отстранува масни дамки од бетон
Истурете 1-2 лименки кока кола на собна температура на бетонски дамки и оставете ја да отстои преку ноќ. Користете стари крпи за да ја исчистите дамката пред целосно да измиете со вода.
Ослободете се од полжавите во градината
Полжавите ја сакаат кока колата, но киселините што таа ги содржи ќе ги убијат и на тој начин ќе се ослободите од овој проблем.
Извор: thekrazycouponlady
Крај