Правила за облекување кои секој треба да ги знае
Облечете се впечатливо и ќе ви го запомнат фустанот, облечете се беспрекорно и ќе ве запомнат вас! – Коко Шанел
Облеката е многу важен дел од нашиот имиџ и секоја грешка може да се забележи – особено кога ќе се среќавате со некој за прв пат.
Средното копче од сакото секогаш треба да биде закопчано. Горното зависи од вашето расположение, а долното копче никогаш не треба да биде закопчано.
Кога носите кошула или блуза со копчиња, никогаш не треба да откопчате повеќе од две!
Не носете цел комплет накит (3 или 4 парчиња накит се премногу)!
Врвот од вратоврската треба да го допира и само малку да го прекрие каишот.
Изберете да покажете или нозе или деколте – не двете!
Ако одлучите кошулата да ја ставите во пантолоните, треба да носите каиш.
Не треба да се гледа гола кожа помеѓу фармерките и џемперот. Ако треба облечете блуза под џемперот.
Чорапите треба да бидат доволно високи, за кога седите да не се гледа ногата.
Доколку на работа носите блуза без ракави, таа треба да ги покрива рамената. Тенките рамки не се соодветни за деловни ситуации.
Извор: brightside.me
Крај