Како да ги исчистите кожните седишта од автомобилот?
Кожните седишта се скапи, па затоа погрижете се подолго да изгледаат така со малку чистење и провертување. Во прилог прочитајте како правилно треба да ги чистите.
- Паркирајте го автомобилот во затворен простор или под сенка.
- Внимателно и детално исчистете ги седиштата со правосмукалка и внимавајте да ја отстраните целата нечистотија.
- Нанесете средство за чистење на кожа на сув сунѓер и со него бришете ги седиштата со кружни движења.
- Доколку има дамки, врз нив нанесете паста од сок од лимон и сода бикарбона. Но, најдобро е да пробате на мала скриена површина за да бидете сигурни дека оваа паста за чистење нема да предизвика никаква штета.
- После нанесување на средството за чистење кожа, седиштата пребришете ги со сува крпа.
- Оставете ги најмалку 1 час целосно да се исушат.
Крај