Најголемата грешка во Кето диетата која сигурно ја правите
Кога слушнавте дека постои диета која ви дозволува да уживате во сланина, сирење, па дури и вино, сигурно бевте пресреќни. Но, сепак кето диетата не е толку едноставна како што изгледа: Постојат два начини за да се води оваа диета: “чист” и “валкан” начин.
Што е всушност “валкана” кето диета? Хамбургер збогатен со јајце, сланина и кашкавал од вашата омилена сендвичара може да биде оброк со многу масти и малку јаглехидрати (па поради тоа е дозволен во кето диетата), но ваквите оброци се познати како “валкана кето храна”. Нив им недостасуваат микронутриенти како витамини и минерали и се полни со конзерванси, антибиотици и други хормони кои негативно ќе влијаат врз вашето здравје, ќе ги забават вашите цели кон намалување на тежината и ќе ја намалат вашата целокупна енергија.
А што е “чиста” кето диета? Чистата кето диета подразбира консумирање храна од квалитетни извори, како на пример месо од говедо кое е хрането со трева, месо од свињи кои се растени на пасишта, јајца одржувани во природна средина, дива морска храна и многу зеленчук. Високохранливиот зеленчук со низок процент на јаглехидрати (како на пример спанаќ и рукола) и билките помагаат во здравиот развој на клетките, ја зголемуваат енергијата и ве прават сити бидејќи вашиот организам ќе биде задоволен од хранливите состојки кои инаку би недостасувале во ”валканата” кето диета. Со други зборови, прескокнете ја обработената брза храна и фокусирајте се повеќе на здрави работи.
Па, нема повеќе сланина? Опуштете се, вашето омилено јадење за појадок е сѐ уште на менито. Би ви го препорачале правилото 80/20. Треба да јадете високо квалитетна храна богата со хранливи состојки 80% од вашето време и да си дозволите да уживате во “валканите” оброци околу 20% од вашето време. Имајте во предвид дека само поради тоа што храната има многу малку јаглехидрати, не значи дека треба да ја консумирате. И да надополниме – авокадото е во вашата чиста листа, па можете да уживате во вашиот омилен гуакамоли сос.
Крај