Празнични колачи без печење
За подготовка на овие вкусни колачи ви се потребни само 4 состојки и 10-тина минути (не сметајќи го времето за да отстојат во фрижидер).
Толку се вкусни и лесни, а кокосот ги прави да наликуваат на снежни топки што дополнително ги прави совршени за периодот околу новогодишните празници.
Состојки:
– 2 чаши (200 мл) мелени бисквити
– 4 чаши кокос
– 1 чаша чоколада (искршена на ситни парчиња)
– кондензирано млеко (по потреба)
Подготовка:
1. Во процесор за храна или блендер ставете ги бисквитите, малку кондензирано млеко и 1 чаша кокос и мешајте додека не се соединат.
2. Додадете ги ситните парчиња чоколада и измешајте со шпатула за да останат цели.
3. Вака подготвената смеса за колачи оставете ја во фрижидер 1 час за да се стегне.
4. Преостанатите 3 чаши кокос истурете ги на хартија за печење и во него валкајте ги топчињата формирани од смесата.
5. На крај подготвените колачи – снежни топки оставете ги во фрижидер 1 час.
Извор: ehow
Крај