Поседувањето премногу играчки е штетно за малите деца
Конечно! Официјално е потврден нашиот сомнеж кој долго време ни се протнува во мислите: Имањето премногу играчки, всушност и не е така добро за малите деца.
Во спроведеното истражување, експертите утврдиле дека изобилството од играчки го намалува квалитетот на играта на малите деца и дека доколку на детето му дадете помалку играчки да си игра, ќе придонесете тоа подобро да се фокусира во играта и да биде покреативно.
За време на истражувањето биле набљудувани две групи деца кои си играле: Едната група била опкружена со четири играчки. А втората група – со шеснаесет. Групата со помалку играчки се посветила на подолго времетраење на играта со играчките и си играла со тие играчки на голем број начини. Така, како и со многу други работи кои децата ги обожаваат – сладолед, кукли, екрани – помалку всушност значи повеќе и умереноста е од клучно значење.
Но, што ако имате цела планина од играчки кои никнуваат од секој можен шкаф и го зафаќаат секој слободен простор во вашиот дом? Едноставно групирајте ги играчките во помали колекции, ротирајте ги во просторот за игра, а останатите тргнете ги настрана. Така, за следната серија игри, “старите” играчки ќе ги сокриете и ќе им ја дадете “новата” колекција. Ете, проблемот е решен!
Крај