Престанете да се консултирате со “доктор Google”
Дали и вие често се консултирате со д-р Google за здравствени проблеми што можеби ги имате? Па, време е да престанете да го правите тоа!
Д-р Google отиде до таму што со едноставно внесување на вашите симптоми, ви дава општ опис за вашиот здравствен проблем. Сепак, има нешто што д-р Google не ви го кажува.
Истражувачите откриле дека интернетот поттикнува тивка епидемија позната како киберохондрија.
Киберохондријата се однесува на здравствена анксиозност, каде што безопасните заболувања се грешат за тешка и застрашувачка дијагноза, особено за луѓето кои немаат медицинска обука.
Се вели дека оваа вознемиреност е предизвикана особено со читање или сослушување на некој кој има специфични симптоми кои се покажале како дијагноза опасна по живот. Таквите извештаи потоа предизвикуваат здравствена вознемиреност или дури доведуваат до тоа некој да верува дека е болен кога всушност не е.
Понекогаш здравствената вознемиреност што ја добивате од читање на различни дијагнози е всушност она што прави да се чувствувате лошо, па дури и да се разболите. Така едноставно, умот може да си поигра со вас и ова е страшно!
Психолозите ја набљудуваат оваа здравствена анксиозност под феномен наречен сугестибилност. Сугестибилноста е дефинирана како: Степенот до кој човек може да ја прифати сугестијата, која варира во зависност од состојбата на умот. Колку е поголема сугестибилноста што ја доживува еден поединец, толку ќе има поголем ефект врз перцепциите на личноста за реалноста.
Со други зборови, сугестиите за болести (кои честопати се неосновани и извадени од пропорција) можат да влијаат врз состојбата на поединецот во таква мера што ја менуваат неговата реалност.
Крај