13 Природни начини да ја измазните и исправите вашата коса
Додека жените со права коса размислуваат како да си направат локни, жените со кадрава коса сонуваат да имаат мазна и права коса. Многу уреди за стајлинг можат да ја оштетат структурата на влакното и не можете секогаш да бидете сигурни во ефектот на хемиските процедури за исправување на косата.
Во прилог прочитајте неколку трикови како да ја исправите косата на природен начин.
Соодветниот стајлинг започнува под тушот.
Не можете да направите убава фризура без соодветен шампон и кондиционер. Во овој случај, потребни ви се производи кои содржат кератин, кој е добро познат по својата способност за исправување на влакното.
Откако ќе ја измиете косата, користете крпа изработена од високо апсорбирачки материјал. На пример, антибактериска крпа од бамбус.
Многу нежно, исушете ја вашата коса со крпата за да избегнете оштетување на влакнотo. Внимателно тријте со крпата по целата должина на косата за да го отстраните вишокот влажност.
Изберете соодветен чешел.
Немојте да користите заоблени четки бидејќи тие се направени за да ја извиткаат косата, особено не на врвовите.
За правилно да ја исчешлате косата, користете чешел со широки запци – одличен е за отплеткување на косата. Можете дури и да го користите додека се туширате за да нанесете кондиционер на секој сантиметар од косата.
Косата можете да ја исправите со чешлање.
Потоа оставете ја природно да се исуши, но не заборавајте да ја чешлате на секои 5 минути. Поделете ја косата во неколку секции и нежно повлечете ја секоја секција за да ја одржите косата права. Можете да користите и фен но треба да го подесите на ладно дување.
Коњското опавче може исто така да ви помогне да ја скротите упорната кадрава коса.
По правилното миење, почекајте додека вашата коса е најмалку 70% сува и направете коњско опавче. Ако имате шишки или ако дел од косата е пократка и не можете да ја фатите со репчето користете шноли. Исчешлајте го репчето за да се осигурате дека косата не се заплеткала.
Врзете го опавчето неколку пати на растојание од 5-7 cm (во зависност од должината на косата). Покријте ја косата со свилена марама и почекајте додека целосно не се исуши. Извадете ја марамата, и отстранете ги ластичињата. Исчешлајте ја косата. И ете исправена е!
Или можете да ја користите тајната на Латино Американските жени.
Во Латинска Америка, жените имаат свој таинствен метод за да ја исправат косата: техниката е наречена “La toca” (Допир). За стајлинг, жените од тропските земји ја мијат косата , ја сушат со фен подесен на ладна температура и ја замотуваат околу главата придржувајќи ја со шноли. Следното утро се будат со права сјајна коса.
Научете нешто повеќе за козметичкото исправување на влакното:
- Креми и серуми за исправување
Тие треба да бидат нанесени по целата должина на влакното и да се остават додека косата се исуши. Овие производи ја штитат косата од УВ зраците, како и од изложување на влакното на висока температура. Единствениот недостаток е што не можат да се користат со боја за коса бидејќи го блокира кремот да навлезе во коренот на косата. Па ефектот од употребата нема да биде видлив.
- Спрејови за исправување и масла за мазнење
Тие можат да се наненаст и на сува и на влажна коса. Недостаток на спрејовите е тоа што содржат силикон и други штетни состојки кои навлегуваат подлабоко во косата и ја оштетуваат одвнатре. Од друга страна пак, маслата се добри за зајакнување на косата и за заштита од топлина.
Редовната употреба на маска за коса ќе придонесе вашата коса да изгледа мазна и свилена. Маските за коса се направени за да ја хранат и навлажнат косата и делуваат и на нејзината внатрешна структура. Кога косата е здрава одвнатре, изгледа преубаво во секој стајлинг.
- Маска од 3 масла
Измешајте маслиново, рицунусово и чичково масло во еднакви количини. Количината на маслата зависи од должината на вашата коса и дебелината на влакното. Мешавината треба да се загрее и да се нанесе по целата должина на косата. Завиткајте ја косата во топла крпа и оставете ја маската да отстои 40 минути.
- Маска од маслиново масло
Ако не можете да ги најдете сите три типови масло, можете да користите само едно. Загрејте 3 лажици маслиново масло и нанесете го на косата. Покријте ја косата со пластична фолија за да создадете мини “ефект на зелена градина”. За подобар ефект, оставете ја маската преку ноќ и измијте ја косата наутро. Во овој случај потребо е да нанесете шампон неколку пати за убаво да го измиете маслото. Исто така, косата можете да ја исплакнете со 1 литар топла вода со сок од лимон.
Уште еден мал трик: безбојна к’на
Уште еден популарен производ кој многу жени со кадрава коса го користат е к’ната. Таа ја прави структурата на влакното малку подебела и како резултат на тоа, косата станува потешка и поправа. Исто така се користи и против првут и штити од појава на распукани врвови.
Јаболков оцет како природен начин за исправување на косата
Косата може да ја исправите и дома со јаболков оцет. Измешајте 2 лажици јаболков оцет и една шолја вода и мешавината турете ја во шише со распрскувач. Испрскајте на измиена коса по цела должина на влакното. Оставете да отстои неколку минути и потоа исплакнете ја косата со млака вода. Можете да направите поголемо количество со тоа што ќе измешата половина шолја јаболков оцет со литар и половина топла вода. Потоа турете ја мешавината во шише со распрскувач и користете ја секогаш кога сакате да ја исправите косата.
Дали користите некој од овие трикови? Можеби имате своја тајна за природно да ја исправите косата и таа да изгледа мазна и сјајна. Споделете ја вашата тајна во коментар.
Извор: brightside
Крај