Природни производи за дезинфекција на домот како замена за хемикалиите
Дезинфекцијата на вашиот дом со природни, нетоксични средства за чистење можеби звучи како нешто нереално и тешко, но всушност е изненадувачки едноставно. Поголемиот дел од природно антибактериските средства за дезинфекција сигурно се наоѓаат во секој дом. Тие не само што се подобри за вашето здравје, туку се побезбедни за децата, животните и околината.
Па, заменете ги хемикалиите со побезбедни алтернативи!
Бел оцет
Изработен од оцетна киселина и вода, белиот оцет е моќно средство за чистење – лесно се пробива низ маснотии, дамки и восок, а помага и во отстранување на мувла и мириси. Благодарение на високата киселост, белиот оцет ги намалува површинските бактерии и им ослободува простор на белилото и чистотата. Оцетот може да заврши одлична работа за оние кои го ценат безбедниот метод на чистење и сакаат да ги ослободат домовите од штетни хемикалии, но нема целосно да ги отсрани сите бактерии.
Вотка
Бидејќи повеќето видови вотка содржат 40% алкохол, може да се користи како средство за дезинфекција и за отстранување на мувла. Како и оцетот, вотката може да се користи за одмастување, отстранување на дамки и освежување на ткаенината, но без киселиот мирис.
Лимон
Лимонската киселина одлично реагира на алкалните дамки како што е бигорот во бањите и кујните. Лимоните, исто така, може да се користат за дезинфекција на непорозни површини и сјајен оксидиран метал. Лимон ги намалува и бактериите од тврди површини, но е помалку ефикасен од оцетот.
Есенцијални масла
Разновидни и со одлични мириси, етеричните масла имаат широк спектар на лековити својства. Не изненадува фактот што тие се исто така моќни агенси против бактериите и габите. Кога се додаваат во вотка или раствор од сапун и вода, некои етерични масла може да ги подобрат својствата за чистење, помагајќи вашиот дом да се ослободи од мувла и различни мириси. Постојат неколку есенцијални масла за борба против бактериите, особено чајно дрво, цитронела, лимонска трева, портокал и пачули.
Крај