Природни состојки за здрава и сјајна коса
Оштетувањето на косата е една од најголемите грижи на жените. Косата е синоним за убавина и женственост и бара редовна грижа и нега. Многу од нас ги користат најскапите производи за да добијат здрава и сјајна коса, но за жал на крајот завршуваат со груба и оштетена коса. Еден од најважните фактори за нега на косата е кондиционирањето, бидејќи ја враќа влагата во фоликулите и влакната на косата, ја потхранува и ја одржува силна, здрава и сјајна.
Па, доколку не сакате да трошите пари на скапи производи кои воопшто не ви помагаат, пробајте ги овие супер природни состојки за нега на коса кои се лесно достапни во вашиот дом:
Кокосово масло
Кокосовото масло е неверојатно добро за вашата коса бидејќи е богато со витамини и минерали кои ја потхрануваат косата почнувајќи од коренот и ѝ даваат вистински сјај и мекост.
Мед
Познато е дека медот е одличен за здрава и блескава кожа, но најдобрата вест е тоа што можете да го употребувате и за вашата коса. Медот и ја дава потребната влажност на косата, почнувајќи од коренот. Тој не само што ја прави сјајна, туку исто така спречува и појава на првут и го поттикнува растот на косата.
Јогурт
Јогуртот ја прави косата силна и ја спречува нејзината кршливост. Јогуртот е најдобар лек за сува, нескротлива коса и за разделени краеви.
Јајца
Јајцата се една од најтрадиционалните природни состојки кои се користат во козметиката. Жолчката од јајце содржи масти и протеини кои и даваат влажност на косата, а белката содржи ензими за убивање на бактерии кои ги отстрануваат несаканите маснотии од скалпот, додавајќи дополнителен сјај што ја прави косата мазна и свиленкаста.
Јаболков оцет
Jаболковиот оцет е неверојатен лек за целосна заштита и нега на косата. Тој не само што ја одржува влажноста на косата, туку и ја балансира pH вредноста, ја подмладува косата и скалпот, ја намалува сувоста, ја прави посјајна, ги третира разделените краеви, заштитува од оштетувањата од сонцето, го намалува првутот, спречува опаѓање и придонесува за здрав раст на косата.
Банана
Бананата е одлична храна за енергија, но исто така е одлична и за вашата коса. Таа е природна состојка која ја негува косата и спречува нејзино оштетување и сувост. Со своите витамини и минерали го храни скалпот и помага против опаѓање на косата и првут.
Крај