Јапонски уметник преку разнобојни цвеќиња го прикажува природниот циклус на животот и смртта
Јапонскиот уметник Азума Макото го истражува животниот циклус на цвеќињата со две неверојатни ботанички скулптури изложени во музејот Oi Futuro во Рио де Жанеиро, Бразил. Симболичната работа ја поттикнува будистичката вредност на размислувањето за животот и смртта. Гледачите се охрабруваат да размислуваат за минливоста на сите живи суштества, бидејќи шарените цветови полека се распаѓаат со текот на времето. Макото верува дека “ние учиме од рана возраст за да избегнеме да гледаме, допираме и чувствуваме смрт и распаѓање на било кое живо суштество”. Како такви, неговите уметнички инсталации претставуваат ретка можност да се доживее сето тоа.
Првиот дел од проектот, насловен Gaibu-Outside, е составен од уредно исечени цвеќиња лоцирани надвор од музејот. На прв поглед инсталацијата изгледа како огромен ткаен килим, при што секој цвет внимателно е позициониран да се преклопува со оние пред него. Како што се приближуваат, гледачите можат да ги испитаат деталите од “обратното земјоделство” на Макото.
Втората половина на проектот, наречена Naibu-Inside, го следи истиот концепт, но го претставува на поинаков начин. Цветовите се собираат во голема стаклена коцка во центарот на затворен изложбен простор. Посетителите можат да ѝ пристапат на коцката и да ја испитаат убавината на распаѓањето на цвеќето одблизу. Како што цвеќињата полека овенуваат, боите бледнеат, а ливчињата се претвораат во прав.
Слики и текст превземени од: mymodernmet.com
Крај