Конзумирањето пробиотици пред крајот на бременоста може да ги спречи бебешките колики (грчеви)
Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека со земањето пробиотици кон крајот на бременоста и за време на доењето, жените можат да влијаат на намалувањето на коликите и повраќањето кај доенчињата…
Иако безопасни, коликите претставуваат голем стрес за родителите и детето, првенствено со обзир на повторливиот карактер, малата ефикасност на мерките со кои се обидуваме да ги смириме и нивното релативно долго траење.
Извршено е истражување на Универзитет во Бари во Рим во кое учествувале 66 трудници кои по случаен избор биле распоредени во две групи.
Едната група добивала пробиотик во облик на диететски додаток, а другата група добивала плацебо.
Резултатите покажале дека земањето пробиотици 4 недели пред и после породување влијаело на зголемување на концентрацијата на антитела во мајчиното млеко и до зголемување на синтезата на имунолошките клетки во дигестивниот систем на бебето.
Научниците напоменуваат дека испитуваната група е мала – само 66 жени, но пробиотиците би можеле да помогнат при грчеви и рефлукс кај новороденчето.
Што ако коликите сепак се појават?…
Бебето кое јаде почесто има грчеви бидејки количината храна која ја внесува преку хранопроводот е скоро еднаква на количината на заробен воздух помеѓу залаците.
Кога од желудникот меурчињата ќе преминат во цревата, поради големината не се прилагодуваат на малите црева на бебињата, туку се туркаат и предизвикуваат болки.
Можете да му помогнете на бебето ако стомачето му го масирате со кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Со движењата и масажата меурчињата воздух се разбиваат во помали меурчиња па полесно поминуваат низ дигестивниот тракт.
Исто така, носењето на бебето на начин така што неговиот стомак да биде потпрен на вашиот, со ритмично движење, поттикнува спонтана масажа на бебешкиот стомак. Добро е да ги држите така да стомачето им биде потпрено на подлактицата.
Извор: 24sata.hr
Крај