Промени во домот кои треба да ги направите пред да пристигне бебето
Без разлика дали се приближува вашиот термин или чувствувате потреба да го подготвите вашиот дом за доаѓањето на новиот член, користете го ова упатство за да ја довете сѐ во совршен ред.
Проверете дали вашиот дом е “безбеден”.
Можеби ви се чини дека ќе помина цела вечност додека бебето започне да ползи и да ги отвора шкафчињата во кујната полни со токсични хемикалии, но секој родител ќе ви каже дека не е така. Бебињата стануваат мобилни практично преку ноќ и подобро е да се подготвите сега, отколку подоцна кога ќе бидете лишени од сон и без енергија. Средствата за чистење (вклучувајќи ги и оние за перење алишта и миење садови) и лековите секогаш треба да се чуваат надвор од видот и дофатот на детето во безбедно затворени места.
Подгответе се за гости.
Потрошете малку време сега за да подготвите сѐ што ќе биде потребно за гостите кои ќе останат да преспијат кај вас, како што се вашата мајка, сестра или пријателка. На овој начин нема да трчате и да барате соодветна постелнина или пешкири за нив кога ќе дојдете од болница.
Направете простор во фрижидерот.
Иако вашето бебе ќе се храни само со млеко во почетокот, сепак ќе треба да направите место за чување на мајчиното млеко и/или формула плус сите оние вкусни јадења и десерти што пријателите и семејството ќе ги носат кога ќе дојдат во посета. Значи, кога вашиот фрижидер е речиси празен (идеално пред да одите да пазарите во маркет), исчистете го добро. Фрлете ја храната со изминат рок, избришете ги полиците со топол сунѓер, а особено лепливите дамки со разреден бел оцет. Истото направете го и со полиците на вратата. Обложете ги сите зони на кои најчесто се истура храна со хартиени крпи и менувајте ги често за сѐ да биде чисто.
Исперете ја бебешката облека.
Перењето на бебешката облека носи огромна промена во животот и прави да почнете да чувствувате дека ова што се случува е реално. Отстранете го пакувањето и сите ознаки или етикети кои можат да ја иритираат осетливата бебешка кожа. Користете детергент без парфеми, или специјален детергент за бебешка облека.
Подгответе се за дамките.
Откако ќе пристигне новороденчето, можеби ќе се запрашате зошто воопшто се мачите да го облекувате, поради целиот неред што толку лесно го произведува! Плунката, бебешката храна, изметот и урината најдобро се третираат со специјални средства за чистење дамки. Купете вакви средства и имајте ги во домот уште пред да пристигне бебето, за да можете да ги користите на различните ткаенини што е можно поскоро.
Крај