Првиот дует на Beyoncé и Ed Sheeran е навистина прекрасен
Првиот дует на Ed Sheeran со Beyoncé е веќе официјално промовиран.
Британската поп-ѕвезда се здружи со “Queen Bey” за да ја изведи новата верзија на “Perfect” од неговиот албум објавен во Март 2017 година.
Sheeran прво ја сподели новоста на Instagram, истакнувајќи го времето кога ќе биде објавена песната, т.е. вчера – Четврток 30.11.2017 19:00 E.S.T.
Оваа песна е само уште еден доказ дека сè е подобро со Beyoncé. Без сомнеж, гарантираме дека оваа песна ќе се свири на сите свадби што допрва следуваат .
Слушнете ја новата верзија на песната и уживајте. Веруваме дека ќе ви се допадне.
Извор: mashable.com
Крај