Dasher – првата целосно електрична луксузна јахта во светот
Оние кои бараат луксузна јахта што истовремено е и стилска и еколошка, можат да запрат со потрагата: првата електрична луксузна јахта во светот – Dasher, беше изложена на меѓународниот саем за чамци. Пловниот објект го изгради Hinckley, лидер на теренот веќе еден век, и започна со резервации за испорака за наредното лето, 2018 година.
Покрај тоа што не користи гориво, Dasher ветува дека ќе биде еден од највисоко технолошките бродови. Луѓето кои работат во Hinckley го изградиле од супер лесен композитен материјал и користеле 3D печатење за да добијат неверојатен дизајн, кој бил невозможно да се добие со традиционалните градежни методи.
Напојуван од двоен, 80-литарски електричен мотор и двојна литиум-јонска батерија од BMW, Dasher тивко крстари со брзина од 16 km/h, а може да достигне до 40 km/h.
Со едно полнење кое трае само четири часа на приклучна станица, бродот има капацитет да патува 65 km.
Огромен плус е што никогаш не треба да купувате гориво.
Слика и текст превземени од urbandaddy.com.
Крај