Првиот музеј посветен на пицата се отвора оваа есен
Љубителите на пицата ќе бидат пресреќни: оваа есен во Њујорк се отвора првиот музеј посветен на пицата.
Музејот на пицата го носи Nameless Network, истата компанија која ни донесе Музеј на сладолед. Според компанијата, тоа ќе биде првото и единствено извонредно уметничко искуство во светот што ја слави пицата.
Од 13 до 28 октомври, посетителите ќе можат да уживаат со сите сетила во радоста која ја носи пицата. Музејот ќе вклучува галерија на уметници кои ја величат пицата и интерактивна изложба “историја на пица” меѓу другите активности во кои главната улога ја има пицата.
Влезниците се 35 долари и веќе се во продажба.
Крај