Првиот пловечки град во светот ќе изгледа вака
Концептот на пловечки градови можеби звучи како научна-фантастика, но тоа би можело да стане реалност до 2020 година. Seasteading Institute, непрофитна организација со седиште во Сан Франциско ја развива оваа идеја уште од основањето на организацијата во 2008 година и постигна договор со владата на Француска Полинезија да започне тестирање во нивните води.
Концептот за кој станува збор треба да се состои од десетина структури вклучувајќи домови, хотели, канцеларии и ресторани. Инженерите и архитектите веќе ја посетија непознатата локација каде што проектот треба да се појави. Главната идеја е “ослободување на човештвото од политичарите” и “презапишување на правилата што го уредуваат општеството”.
Изградбата на овој проект ќе чини околу 167 милиони долари.
Извор: boredpanda
Крај